fbpx

Николоска за ТВ24: СДСМ одговорно ги води сите процеси кои се од интерес на граѓаните и државата, ВМРО-ДПМНЕ знае само за критики и гол популизам

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Како и во изминатите две интерпелации така и во оваа за вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров очекуваме неосновани напади и лажни вести од опозицијата, имајќи предвид дека досега за ниедно прашање коешто беше од исклучителен интерес за нашата држава и за граѓаните, опозицијата никогаш немаше став, се занимаваше само со критики и со гол популизам, истакна пратеничката на СДСМ Фаница Николоска, во емисијата „Студио 10“ на ТВ24.

Таа нагласи дека од друга страна СДСМ и Владата одговорно ги води сите процеси кои се од интерес на граѓаните и државата, отворено разговараме за сите прашања.

Благодарение на посветеноста на сите членови на Владата како и на парламентарното мнозинство, Република Северна Македонија стана 30 земја членка на НАТО, сега сме рамо до рамо со најразвиените држави и апсолутно сметаме дека тој е единствениот пат по кој треба да одиме, сега не очекуваат преговори со ЕУ но и наидовме на потешкотии, тоа не е тајна, меѓутоа како современа држава мора сите потешкотии на кои наидуваме во нашиот евроинтегративен процес мора да ги решаваме со разговор, рече Николовска.

„ВМРО – ДПМНЕ упорно инсистираат да се разговара за некои прашања како што се македонскиот јазик, македонскиот национален идентитет, не знам дали воопшто имаат дилема во тој поглед па затоа сакаат да разговараат за тие работи инаку во сите евроинтегративни процеси нашата Влада и функционерите биле транспарентни, за се реферирале пред Собранието и пред граѓаните, така и ќе останеме, посветени на овој процес и во иднина, порача Николоска.

Таа нагласи дека ние сме апсолутно отворени за секаков вид на соработка, затоа што сме избрани од граѓаните да ги решаваме нивните проблеми, да работиме во интерес на државата.

Меѓутоа, морам да признаам дека за опозицијата го немам тој впечаток апсолутно многу битни закони ги блокираа со илјадници амандмани и наместо ние да работиме во Собранието, да носиме Закони кои се во интерес на граѓаните на државата, да го подобриме животот секој пат сме соочени со кочници од страна на опозицијата која и овие клучни моменти нема чувство за интересите на граѓаните и државата, истакна пратеничката на СДСМ Фаница Николоска, во емисијата „Студио 10“ на ТВ24.

Последни вести