Соопштение за јавност
Негрижата и коруптивното владеење на ВМРО-ДПМНЕ предизвика хаос во здравствениот систем и принуди реномирани странски фармацевтски компании да се повлечат од државата.
Во периодот меѓу 2012 и 2015, во годините на најголем режим на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, компании како АстраЗенека, Глаксо и дел од Новартис се повлекоа од нашата држава, заради паралелниот увоз на лекови и вакцините со сомнително потекло.
Таквиот однос трајно го наруши угледот на државата и здравствениот систем, нешто што СДСМ и институциите што ги предводи, со сите сили се обидуваат да го поправат, да ја вратат довербата во македонското здравство.
Со усвојување на измените и дополнувањата на Законот за лекови и медицински средства во Собранието се создадени услови вакцината против коронавирусот да пристигне во државата и да започне имунизацијата на населението.
Ова немаше да биде потребно ако ВМРО-ДПМНЕ, наместо за да се занимава со корупција и криминал, се грижеше за интересите на граѓаните и на државата.
СДСМ, како одговорна партија останува посветена на ставање крај на пандемијата и надминување на сите економски и здравствени последици од неа.