Соопштение за јавност
Потпретседателот Оливер Спасовски денеска во Охрид присуствуваше на работилница за јакнење на капацитетите на СДММ во организација на Социјалдемократската младина на Македонија.
Пред присутните, Спасовски зборуваше за процесот на ажурирање на членството, за претстојните внатрепартиски избори, локалните избори, како и за улогата на СДММ во креирањето на младински политики што нудат подобар живот за малдите овде во државата.
„Пред нас е година на два изборни процеси. Едниот е нашиот, внатрепартиските непосредни избори за претседател на СДСМ со што први, пред сите други партии покажуваме зголемен степен на демократизација на нашата партија. Вториот, секако се редовните локлани избори на кои очекуваме уште потврда за нашите политики и уште една победа. И во двата процеса сметаме на поддршката и ангажманот на СДММ. Максимално да бидеме сите заедно посветени двата процеси да завршат со успех, со цел демократизација на општеството, со поинаква понуда од сите останати, така како што му доликува на СДСМ и СДММ“ порача Спасовски.
Потпретседателот Спасовски му честиташе и посака успех на новото раководство на СДММ истакнувајќи дека силна и организирана СДММ значи и силна и организирана СДСМ.
„Како што се менува СДСМ, така сигурно ќе се менува и младината. Организирана младина и организиран Форум на жени значи силна партија подготвена за победа“ заклучи Спасовски.