Реакција на прес-конференција на Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ
Повеќе од две недели откако во јавноста беа објавени документи кои докажуваат дека Антонијо Милошоски бил осуден и казнет за сторени кривични дела во Германија, тој се уште молчи и не дава одговор за што точно бил осуден, но затоа не му е проблем да продолжува со ширењето лаги и невистини.
Милошоски е докажан извор на лажни вести, на манипулации и конструирани случаи кои секогаш се на штета на интересите на граѓаните и државата.
Антонијо Милошоски, лице осудувано за сторени кривични дела во Германија, одамна не е достоен да ја извршува функцијата пратеник и е најмалку повикан да зборува за било што во државата.
Сега, кога сите гледаат дека правниот систем функционира ефикасно и неселективно, очигледно дека кај него расте паниката и стравот од одговорност за случаите што пред судовите се водат против него, па затоа продолжува со ширењето невистини.
Прочитани и демантирани се сите лаги на Милошоски, како што соопшти и Министерството за здравство постапката за која денеска зборува Милошоски не е завршена, туку процесот е во фаза на евалуација.
Наместо да шири лажни вести и конструкции во кој никој не верува, за Милошоски подобро ќе биде енергијата да ја чува за неговото соочување со правдата и да ја подготвува својата обрана за случаите што се водат против него.