fbpx

Мицкоски е секогаш против интересите на граѓаните, секогаш на страна на криминалот и во одбрана на криминалците

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес- конференција, Дарко Каевски, пратеник на СДСМ

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

Христијан Мицкоски е секогаш на страната на криминалот, никогаш не е на страната на граѓаните и државата.

Тоа се потврдува и со последниот случај со тајкунот на режимот Орце Камчев за кого Мицкоски веднаш се стави во одбрана.

Камчев е дел од предмет во кој заедно со Сашо Мијалков и Никола Груевски се сомничат дека со пари од партиската каса на ВМРО-ДПМНЕ купувале ексклузивни плацови на Водно.

Денес, наместо Мицкоски да бара одговорност и расчистување на овој случај, тој му дава поддршка на Камчев, четвртоосомничен во случајот. Показател за блиската соработка меѓу Мицкоски и Камчев е и фактот што од сите адвокати, бранител на Камчев е Тони Менкиноски, претседател на правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ.

Се потврдува спрегата Мицкоски-Камчев за која јавноста слушна одамна преку објавени разговори меѓу Мицкоски и Зоран Милески Кичеец.

Токму во тие разговори Мицкоски признава дека тој правел се за да не се донесе Законот за јавно обвинителство, правел се за да пропаднат предметите на СЈО, вклучително и предметот „Империја“ каде е обвинет и Камчев.

Мицкоски, тогаш истотака призна дека Камчев финансиски ја помагал ВМРО-ДПМНЕ па можеби токму оттука се хипотеките на Мицкоски кон Камчев кој денес мора да ги отплаќа.

Денес Мицкоски е фрустриран што не успеа да ги одбрани криминалите на неговите ментори Груевски и Мијалков, што не може да го заштити од соочување со одговорност, тајкунот на режимот Камчев.

Денес на дело гледаме неселективно владеење на правото, гледаме дека законите важат за сите подеднакво.

Мицкоски не успева да ги испорача задачите од Будимпешта, останува осамен на браникот на криминалот и затоа го чекаат нови порази и од правдата и од граѓаните.

 

Последни вести