Соопштение за јавност
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и вчера не испуштија прилика да докажат дека се на страната на криминалот и корупцијата на спротивната страна од интересите на граѓаните.
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ на гласаа за Националната стратегија за спречување на корупција и судир на интереси 2021-2025 година. Додека траеше целата седница, тие беа надвор од салата трошејќи ги платите и парите за патни трошоци што граѓаните преку Буџетот им ги обезбедуваат.
Националната стратегија за спречување на корупција и судир на интереси 2021-2025 година е сериозен чекор кон поефикасна борба против корупцијата на високо ниво.
Усвојувањето е поздравено и од нашите стратешки партнери САД, кои посочија дека напредокот во борбата против корупцијата ќе се мери преку успешноста на реализација на Стратегијата, дека борбата против корупцијата и зајакнување на правниот систем се особено важни, но и дека се клучни приоритети за стратешкото партнерството меѓу двете земји.
Полни им се устите на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ за правда и борба против корупција, но кога тоа треба да се покаже на дело, тогаш тие бегаат, кочат и бојкотираат, застанувајќи на спротивната страна на правдата.
ВМРО-ДПМНЕ нема минимум кредибилитет да зборува за борба против корупција и криминал, оваа партија предводена од Христијан Мицкоски е цврсто застаната на браникот на криминалот.
Затоа во континуитет е поразувана од граѓаните и затоа и уште долго ќе биде опозиција.