fbpx

Експеримент беа образовните ,, реформи” на ВМРО-ДПМНЕ со кои македонското образование го однесоа на дното во Европа

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

ВМРО-ДПМНЕ 11 години го урнисуваше образовниот систем преку наводни ,, реформи” како Кембриџ програмата и екстерното тестирање кои служеа само за некој да профитира и да се вршат притисок врз наставниот кадар.

Со таквиот пристап македонското образование со години беше на дното во Европа а учениците со убедливо најлошите резултати на меѓународните тестирања.

Денес ВМРО-ДПМНЕ останува противник на реформите со кои се унапредува образовниот систем и станува еднаков со европските.

Новото законско решение во кое е дефинирана етапната дигитализација на материјалите за учење, ќе обезбеди достапност на учебниците за сите ученици, поголема интерактивност, намалување на учењето во домашни услови, како и инклузивност, затоа што истите ќе бидат достапни во аудио формат, но и на Брајово писмо за учениците со оштетен вид.

Со поставувањето на повеќе филтри низ постапката за изработка и усвојување на учебниците, се елиминира веројатноста за појава на грешки од било каква природа, додека можноста за ажурирање на учебниците секоја година, значи дека повеќе ќе нема да се применуваат учебници со застарена содржина.

Загрижени дека ќе бидат загрозени скапите тендери на издавачки куќи блиски до ВМРО-ДПМНЕ, оваа партија шири лажни вести и манипулации со што создава конфузија во јавноста.

Не ВМРО-ДПМНЕ битни му се бизнис и политичките интереси, но не и интересите на учениците и наставниот кадар.

Последни вести