Прес-конференција, Стефан Вучковски, портпарол на ОО СДСМ Неготино
Почитувани граѓани, почитувани медиуми,
Како политичка партија чија програмска определба беше подобрување на квалитетот на живот во руралните средини и зголемувањето на економската активност, продолжуваме со отворање на нови перспективи и услови за инвестиции во земјоделството и руралниот развој.
16.5 милиони евра ќе бидат ставени на располагање на земјоделците, преработувачите, занаетчиите, трговците, угостителите и други физички и правни лица чии инвестиции се насочени во руралните средини.
Со оваа финансиска инјекција, реализаирана преку Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Платежната агенција, а поддржана од Европската Унија, ќе се изврши поврат од 65% на сите прифатливи инвестиции за преработка на прехрамбени и непрехранбени производи, на инвестициите во развој на занетчиските производи , инвестициите во услуги за руралното население и инвестициите во промоција на руралниот туризам.
Ги охрабруваме сите заинтересирани граѓани од нашата општина да аплицираат на објавениот оглас.
Ви благодарам