fbpx

Објавената снимка потврди: протестот на таканаречените лозари беше партиски собир ВМРО-ДПМНЕ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми, Стефан Васев од СДСМ

 

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

Јавно објавената снимка од партиски состанок покажа: блокадата на патот Прилеп – Градско не беше протест на земјоделци, туку единствено партиски собир на ВМРО-ДПМНЕ.

На снимката јасно се слуша како претседателот на комисијата за земјоделие на ВМРО-ДПМНЕ Цветан Трипуновски го договара партискиот собир со претседатели на општински комитети.

Се потврди дека на таканаречениот протест не беа присутни лозари и овоштари туку членови  на општински комитети на ВМРО-ДПМНЕ кои организирано биле носени на блокадата.

11 години ВМРО-ДПМНЕ како власт ги манипулираше, уценуваше и притискаше земјоделците, а денес и како опозиција го прави истото.

Во отсуство на конкретни идеи и мерки за земјоделците, ВМРО-ДПМНЕ продолжува со деструктивно однесување на штета на граѓаните.

За разлика од таквиот однос на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ како одговорна партија гради партнерски однос со земјоделците.

Денес, субвенциите се зголемени и се исплаќаат навремено и неселективно, зголемена е поддршката за младите земјоделци, а тековните проблеми се решаваат партнерски и во интерес на земјоделците.

Продолжуваме да работиме на развој и унапредување на земјоделството, ВМРО-ДПМНЕ продолжува со деструкцијата и блокадите.

Ваквите обиди на ВМРО-ДПМНЕ, преку бучава, врева, музика да ја спречат вистината се очајни и залудни. Граѓаните секојдневно ја гледааат деструктивноста, очајноста и безидејноста на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски. Се лажат Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ дека ќе ја сокријат вистината. Таа е една и од неа нема бегање.

Последни вести