Соопштение за јавност
Пратеничката на СДСМ Даниела Колева во собраниската комисија за образование и наука истакна дека законот за наставници и научни соработници овозможува континуитет на наставата, да не се случува непотребно на учениците да им се менуваат наставници повеќе пати во годината.
Најлошо е прекинување на работата на наставниците, учениците лошо и стресно доживуваат кога им се менуваат наставниците, тоа е непотребен стрес за учениците, родителите и за сите вклучени во образовниот процес, а овој закон овозможува континуитет, порача Колева.