Соопштение за јавност – реакција на прес-конференција на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ
ВМРО ДПМНЕ очигледно и денеска останале без одговор од партнерот на Христијан Мицкоски во бизнисот со хидроцентралите.
Од основање, Драги Василев, познат како Драги Минка е управител на фирмата “Дравас Инженеринг” , за која и денеска зборуваат на прес – конференција од Белиот дворец.
Оттука, парашањата може Мицкоски да му ги постави на неговиот партнер во хидроцентралите, а од своите да побара одговор кој во белата палата го мести Мицкоски со ваки прес – конференции ?
ВМРО ДПМНЕ многу добро знаат дека заврши времето на пресметка со неистомислиците преку злоупотреба на институциите. Заврши времето на репресија кон даночните обврзници и законите важат за сите подеднакво.
Листата на должници на УЈП е транспарентна, јавно се објавува и без исклучок се постапува согласно Законот.
ВМРО ДПМНЕ заглавена во режимската мартица, не знае ништо друго освен да обвинува неосновано, да шири лажни вести и манипулации.