fbpx

Новото фијаско од протести потврди, ВМРО-ДПМНЕ по секоја цена ги кочи реформите во образованието на штета на учениците и наставниците

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес- конференција, Жаклина Лазаревска, пратеничка на СДСМ

Почитувани,

ВМРО-ДПМНЕ ниту во Собранието ниту надвор од него, не се откажува од блокадата на реформите во образованието и дигитализацијата на наставниот процес.

Со недели ВМРО-ДПМНЕ ја манипулира и лаже јавноста дека ќе се укинуваат предмети, дека учениците ќе останат без учебници, со цел да блокира реформи кои се во интерес на образованието, наставниците и учениците.

Вчера, повторно се случи фијаско на протестите каде освен активисти и членови на ВМРО-ДПМНЕ немаше други граѓани, што покажува дека јавноста не дава поддршка на деструктивните политики на партијата предводена од Христијан Мицкоски.

Новото фијаско на вчерашните протести потврди дека на ВМРО-ДПМНЕ не му се важни учениците, не му е важно образованието, туку важно им е само да ги кочат реформите во образованието.

Во таа насока се и најавите за организирање референдум за кои и самите ВМРО-ДПМНЕ знаат дека нема да биде успешен.

Замислете, партијата која 11 години го поткопуваше образованието, која ги малтретираше учениците и вршеше притисок врз наставниот кадар, денес кога дигиталните уреди се широко достапни се противи на модернизација на образованието, на олеснување на образовниот процес на учениците.

Наместо конструктивност, наместо дебата и аргументи, ВМРО-ДПМНЕ преку блокади и деструкции се обидува да закочи се што е во интерес на државата и граѓаните, се што носи развој и напредок.

Граѓаните тоа одамна го препознаа. Затоа не им даваат поддршка на протестите, затоа шест пати ги казнуваат на избори.

Граѓаните не сакаат ретроградни партии што влечат назад и затоа ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски уште долго ќе биде во опозиција.

 

Последни вести