Соопштение за јавност
ВМРО-ДПМНЕ за време на своето владеење го удвои јавниот долг и земаше скапо кредити за да финансира непродуктивни проекти каков што беше и проектот Скопје 2014, посочи денеска во Собранието во одговор на пратеничко прашање Димитар Ковачевски, заменик министер за финансии и член на Извршниот одбор на СДСМ.
„Растот на БДП во годините на владеење на ВМРО-ДПМНЕ кој се движел меѓу 2 и 2,5 отсто покажува дека парите од задолжувањата не биле инвестирани во продуктивни, туку во непродуктивни инвестиции. Ако само ја земеме еврообврзницата која доспева на 24 јули оваа година, а која изнесува половина милијарда евра и е земена во 2015 година, таа е инвестирана во Скопје 2014. Знали во 2015 година државата е задолжена не за патишта, не за болници, туку е задолжена за два квадратни километри во центарот на Скопје. И тоа од Влада на ВМРО-ДПМНЕ која двојно го зголеми јавниот долг. Нема држава во светот која двојно го има зголемено јавниот долг и немала зголемување на БДП, порача Ковачевски додавајќи дека од 2016 година па се до периодот до почетокот на пандемијата, јавниот долг бил во стагнација и не се зголемувал рапидно.
За разлика од таквиот однос, додаде Ковачевски, Владата предводена од СДСМ зема кредити по далеку пониска каматна стапка и дека само по основ на камати, со последната еврообврзница се заштедуваат 82 милиони евра, но при тоа се постигнало зголемување на минималната плата, на просечната плата, зголемување на инвестиции во приватниот сектор и економски раст.
Ковачевски посочи дека за време на кризата со ковид 19, државата со над 1,1 милијарда евра реализираше шест пакети мерки за помош на граѓаните и стопанството.
„Се спасија речиси 200.000 работни места, 500.000 граѓани беа поддржани со еднократна парична помош, намаливме даночни стапки“ порача Ковачевски.