fbpx

Општина Брвеница за првпат добива своја градинка, инвестираме за подобра иднина на најмладите

Facebook
Twitter
LinkedIn
Прес конференција, ОО СДСМ Тетово
 
Почитувани граѓани, почитувани претставници на медиумите,
 
Власта предводена од Социјал демократскиот сојуз продолжува со исполнување на ветеното. За нас зборот важи, а делата говорат.
 
Инвестираме во нашата иднина. Инвестираме  во квалитетен едукативен процес на децата од предучилишна возраст, преку изградба на соодветни објекти и вложување во воспитно-образовниот кадар.
 
Општина Брвеница за првпат добива своја градинка.
За изградба и опремување на новиот објект се издвоени над 26 милиони денари. Отвораме простор за 80 дечиња, инвестираме во раниот детски развој.

 
 
Комплетно се реконструирани и реновирани два објекти на Општинската јавна установа за деца, детската градинка “Младост” Тетово, и тоа објектите на “Стара градинка” и  градинката на “Поток”.
Овозможуваме соодветен, безбеден и удобен престој за најмалите.
 
Со зголемувањето на платите на вработените во детските градинки за 21% односно над 3000 денари, покажуваме дека ја цениме и вреднуваме нивната посветеност на работата.
 
Изготвен е и план проект и наскоро отпочнува изградба на уште еден нов објект за детска градинка во Тетово.
 
Се грижиме подеднакво за сите, сакаме задоволни граѓани.
Зборот важи!
Последни вести