Прес конференција, Александар Ѓорѓиоски – ОО СДСМ – Прилеп
Почитувани,
Локалната власт предводена од СДСМ и градоначалникот Јованоски, со забрзано темпо работи на подобрување и уредување на патната инфраструктура во општина Прилеп.
Делот од улицата „11.Октомври“ во централното градско подрачје, кој беше во исклучително лоша состојба и со големи оштетувања на постоечкиот асфалт, неодамна беше комплетно реконструиран и асфалтиран.
На површина од 2.500 метри квадратни, на потегот од фурната „Плетварец“ до поранешна „Техника“, на оваа улица е поставен целосно нов слој асфалт.
Изминатиот период беше реконструирана и улицата „Стеван Апостолоски“, која исто така беше со големи оштетувања и ударни дупки, особено делот од улицата во близина на Центарот за социјални работи, каде сообраќајот се одвиваше со тешкотии и проблеми.
На оваа улица поставен е нов асфалт на површина од 1.300 метри квадратни.
Почитувани,
Праксата да се асфалтира исклучиво во предизборен период, што беше одлика на претходната локална власт на ВМРО-ДПМНЕ, е минато и завршено време.
Денес, асфалтирањето и реконструкцијата на улиците, стана нормално секојдневие на локалната власт на чие чело стои градоначалникот Јованоски.
Градиме по план и обезбедуваме сигурна и безбедна патна инфраструктура.
За нас зборот важи.