fbpx

Проектите од Интервентниот план се реализираат, силни инвестиции во инфраструктурата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Сооопштение за јавност

Интервентниот план за инвестиции за периодот 2021-2027 во вкупна вредност од над осум милијарди евра е сериозен и одлучен чекор кон градење на уште постабилна и поконкурентна економија и повисок животен стандард за сите граѓани.

Само во делот на патната инфраструктура со овој План во периодот 2021-2027 предвидени се инвестиции во вкупна вредност од 1,6 милијарди евра.

Експресниот пат Битола-Меџитлија, во вредност од 50 милиони евра е еден од проектите кои се дел од овој Интервентен план каде се очекува објавување на тендер за да може да се избере изведувач.

Понатаму, автопат Гостивар – Букојчани; Букојчани – Кичево; Струга – Ќафасан и Тетово – Гостивар, вредноста на овој проект е 500 милиони евра согласно законот за стратешки инвестиции.

Факт е дека овој план е реален и остварлив во предвидените рокови. Овој инвестициски циклус е составен од низа проекти кои се веќе во зрела фаза на реализација и стануваат реалност.

Тука спаѓа експресниот пат Штип – Радовиш во вредност од 54 милиони евра во прва фаза кој вчера се пушти во употреба, додека во тек е втора фаза која се очекува да се пушти во употреба до септември 2022 година.

Истовремено, 50% е пуштен во употреба експресниот пат Крупиште – Кочани во вредност од 37 милиони евра, а тече реализацијата на делницата Крупиште – Кочани.

Како одговорна, државотворна партија продолжуваме со инвестиции кои поттикнуваат развој на државата и обезбедуваат поквалитетен економски стандард за сите граѓани.

Последни вести