fbpx

Концептот парите кај граѓаните е реален, растат платите, се враќа дел од ДДВ кај граѓаните, трошоците се намалуваат

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес конференција, Диме Велковски, пратеник на СДСМ 

 

Почитувани граѓани , почитувани новинари,

 
Позитивните економски резултати, растот и развојот и реализацијата на мерките кои обезбедуваат повеќе пари кај граѓаните создававаат силна економија, шанса за сите граѓани.
 
Растот на економијата е веќе над 4%, во првиот квартал на 2019 година. 
 
Резултат на добрите економски политики на Владата, имајќи го предвид наследеното назадување и негативата од -1,8% во времето на ВМРО-ДПМНЕ. 
 
Радува тоа што носител на растот на економијата е стопанството, индустријата. 
 
Компаниите растат и се развиваат, се зголемува обемот на производство за што потврда е растот на индустриското производство од 6,5% во периодот јануари-мај.
 
Стабилната економска состојба и правилно поставените економски политики создадоа услови за реализација на серија мерки за враќање на парите назад кај граѓаните.
 
 
Денеска ќе изводиме дел од придобивките за граѓаните преку системскиот концепт за враќање пари назад, кај граѓаните:
 

  • Поврат на 15% од ДДВ со што 50 милиони евра годишно завршуваат кај граѓаните. 
  • Мерката дава одлични резултати, досега се скенирани над 11 милиони фискални сметки.
  • Со мерката евтина тарифа на струјата, сметките се намалени а 11.4 милиони евра на годишно ниво остануваат кај граѓаните.
  • Укината е радиодифузната такса со што се обезбедува заштеда од над 2.000 денари годишно, за секое семејство.
  • Со мерката зелена нафта над 200 милиони денари се враќаат кај 55 илјади земјоделци.
  • Со намалување на ДДВ за парно греење од 18% на 5% просечната годишна заштеда е 2.600 денари по семејство.
  • Пораснаа платите. Просечната нето плата во мај 2017 година изнесувала 22.889 денари, додека денес, во мај 2019 година изнесува 25.270 денари, што е пораст за 2.300 денари.
  • Минималната плата порасна од 9.000 денари во 2016 одина на 12.500 денари во 2019 година, односно се зголеми за 3.500 денари. Наскоро следува нов раст.
  • Од септември 2019 ги зголемуваме платите за 5% на вработените во основното, средното и високото образование. Инвестираме во знаењето и оние кои го движат образованието.
  • Социјалната помош е зголемена за 300%. 
 
 
Сето ова се мерки што обезбедуваат повеќе пари и повисок животен стандард за граѓаните. 
 
Владата предводена од СДСМ продолжува со спроведување на одговорни политики што обезбедуваат економски раст, нови работни места, намалени трошоци за живот и повеќе пари кај секој граѓанин.
 
Во таа насока, започнува инвестициски циклус од 5 милијарди евра кој има за цел да го забрза растот и напредокот. 
 
Проектирани се милијарда евра за патишта, над една милијарда евра за железница и над една милијарда евра за енергетика, нов Клинички центар, регионални фабрики за отпад, водоводи, канализации, училишта, градинки и други капитални објекти кои што ги подобруваат условите за живот на граѓаните.
Последни вести