Прес конференција, ОО СДСМ Свети Николе
Почитувани граѓани на Свети Николе, почитувани земјоделци. Зборот е збор!
Со најновата мерка на владата – Зелена нафта, се овозможува огромно олеснување на земјоделците во производството на земјоделските производи. Со мерката зелена нафта, земјоделските производители добиваат субвенции за користење на нафта, со што ќе се зголеми ефикасноста во производството, ќе се намалат трошоците, а со тоа и земјоделските производи ќе бидат поконкурентни на пазарот.
Мерката зелена нафта се воведува за прв пат и тоа во првата половина од мандатот на владата. Во овчеполието се доделени вкупно 1871 Верна картички за користење на зелена нафта на земјоделски производители кои имаат аплицирано за субвенции во 2018 година.
Со измените на законот за земјоделско земјиште овозможуваме правилна распределба и го враќаме целокупното обработливо земјиште кај вистинските земјоделци.
-Младите земјоделци ќе бидат ослободени од плаќање на закупнина 3 години;
-Пчеларите ќе можат да добијат државно земјоделско земјиште;
-Овозможуваме изградба на објекти за промоција на земјоделски производи и спортско рекреативно објекти;
Владата предводена од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија го слуша гласот на земјоделците и останува посветена на мерките што обезбедуваат повеќе пари за земјоделците.
Парите се враќаат назад кон граѓаните!
За нас зборот важи!