fbpx

Намалувањето на ДДВ за струјата од 18 на 5 отсто е потврда за нашата посветеност за подобрување на животниот стандард и намалување на трошоците

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Владата предводена од СДСМ останува целосно посветена кон заштита и унапредување на животниот стандард на сите граѓани со континуирана имплементација на мерки и политики кои обезбедуваат повеќе пари во семејните буџети.

За таа цел, донесена е одлука за намалување на данокот на додадена вредност за електрична енергија од 18 на 5 отсто од 1 јули годинава.

Намалувањето на данокот на додадена вредност е со цел со пониски цени да им се помогне на домаќинствата за намалување на нивните трошоци.

Како резултат на оваа одлука, граѓаните нема да го почувствуваат можното движење на цената на струјата и ќе се компензира евентуалното зголемување на трошоците кај струјата.

Сепак, последниот збор за одредување на цената на електричната енергија го има Регулаторната комисија за енергетика.

Институциите предводени од СДСМ секогаш се на страната на граѓаните и се грижат за подобрување на животниот стандард.

Ветеното го остваруваме. Ја вративме евтината тарифа за струјата, додека електричната енергија во земјава е меѓу најевтините во регионот и во Европа.

СДСМ како одговорна партија работи одговорно, чесно и единствено во интерес на граѓаните.

Последни вести