fbpx

СДСМ презема одговорност пред граѓаните, одговорна партија не мисли на предвремени избори дури и кога поддршката е многу висока

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми,
Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ,
Скопје, 13.02.2019

СДСМ презема одговорност пред граѓаните и интересите на државата.

Граѓаните бараат рзултати во економијата, реформите и интеграциите.

Државотворна партија на која на прво место и се интересите на граѓаните и државата не мисли на предвремени избори дури и кога рејтингот и поддршката од граѓаните е многу повисока од онаа на опозицијата.

Како одговорна влада најавивме економска година, создавање силна економија која отвора шанса за сите.

Економијата е раздвижена и стабилизирана, платите растат, се зголемуваат инвестициите, се отвораат нови работни места, се повеќе пари завршуваат кај граѓаните.

Тоа е добра основа за засукување на ракавите и посветување на резултат што го бараат граѓаните, на се она што е потребно за подобар животен стандард на сите наши граѓани.

Веќе сме дел од НАТО, очекуваме датум за преговори со Европската унија и реализирање на потребните реформи.

Одговорна партија, одговорна власт, не би ја загрозила таа шансата, не би го загрозила датумот за преговори во Европската унија со предвремени избори и стопирање на реформите.

Република Северна Македонија ја очекуваат кристално чисти, фер и демократски претседателски избори на кои ќе победат граѓаните, ќе победи СДСМ. Фер избори на кои ќе загуби ВМРО-ДПМНЕ. Деструкцијата и блокадите ќе бидат поразени.

Извршниот одбор на СДСМ го овласти претседателот на партијата, генералниот и организациониот секретар, да направи консултации со коалициските партнери како и со други парламентарни и вонпарламентарни партии, за да дојдеме до консензуален кандидат за претседател на државата, заеднички да застанеме зад кандидат за кој што ќе застанат граѓаните.

На нашата татковина и е потребен вистински претседател на сите граѓани, којшто ќе работи исклучиво во интерес на граѓаните и државата а не како досега само за партиските интереси.

Одиме на победа, граѓаните на претстојните претседателски избори ќе изберат вистински претседател!

Последни вести