fbpx

ВМРО-ДПМНЕ се загуби во својата злоба и деструкција, токму со современата противпожарна скала пожарот во Скопје беше изгаснат

Facebook
Twitter
LinkedIn

Реакција на соопштение на ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ се загуби толку многу во својата сопствена злоба и деструкција.

Токму со употреба на современата противпожарната скала, за која деструктивната ВМРО-ДПМНЕ критикуваше неосновано, беше изгаснат синоќешниот пожар во Скопје на кровот од катната гаража.

Да не беше современата противпожарна скала ќе изгореше цел објект а последиците ќе беа драматично посериозни.

Со парите што ВМРО-ДПНЕ ги фрлија на само еден објект од Скопје 2014, можеа да се набават десетици вакви нови возила и нова опрема за сите пожарникари.

Згора на се, граѓаните знаат дека ВМРО-ДПМНЕ и Коце Трајановски им ја нанесоа најголемата неправда на пожарникарите во Скопје која што сега, со помош на градоначалникот Шилегов и СДСМ е исправена.

Да имаше грам нормалност и одговорност од ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе се извинеа и ќе се заблогадарија на пожарникарите за посветеноста и пожртвуваноста.

Последни вести