Инвестициите во модерно, конкурентно и развојно земјоделство остануваат приоритет на Владата. Заврши реализацијата на втората фаза на Проектот за наводнување на јужната долина на реката Вардар. Севкупната инвестиција е во вредност од над 24 милиони евра. За земјоделците од валандовско-гевгелискиот регион ова значи намалување на трошоците за производство и предуслов за осовременување на агро-секторот.
Со изградбата на системот за наводнување се обезбедува навремено и квалитетно наводнување за вкупна површина од 2.150 хектари на територијата на Општина Валандово, а ги опфаќа населените места Удово, Јосифово, Калково и Пирава. Ваквите инвестиции носат зголемена конкурентност на земјоделството, но и подобри услови за работа и живот на населението во целиот валандовски регион, при тоа земјоделските култури ќе се наводнуваат со чиста вода, што ќе донесе поздрави прозиводи на пазарот.
Оваа огромна инвестиција е вистински пример за одговорното работење на Владата предводена од СДСМ насочено кон обезбедување сигурна вода за наводнување на полињата, како и креирање на уште подобри услови за земјоделците. Паралелно, се работи и на третата фаза од овој проект, Јужно-вардарска долина, и на Пепелиште и на Лисиче и на сите останати системи за наводнување.