fbpx

20 години по Охрид, СДСМ им честита на сите граѓани за изградбата на нашето успешно, современо, Едно општество за сите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Денеска одбележуваме значајна годишнина, 20 години од Договорот со кој беше обезбедена мирната иднина и натамошната изградба на Северна Македонија со еднакво учество на сите нејзини етнички заедници.

Охридскиот договор, кој беше потпишан во партнерство со Европската Унија, Соединетите Американски Држави, НАТО и ОБСЕ, стави крај на воениот конфликт, и обезбеди гаранција на мирот и стабилноста на нашата заедничка татковина.

Договорот ги постави темелите врз основа на кои во 2017 година Владата предводена од Зоран Заев и СДСМ успеа да го изгради нашето заедничко – едно и еднакво општество за сите, каде секој човек може да најде просперитет и подобра иднина.

Создадовме граѓанска држава со еднакви услови за сите кои живеат во неа: Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми, Бошњаци и сите други заедници.

Интегрирано општество, заедница во која шансите за благосостојба се еднакви за сите, како членка на НАТО и идна членка на ЕУ, отворена, современа и економски силна држава која развива интензивна регионална соработка.

После 20 години наместо конфликти и нестабилност, разговараме за економски напредок во нашата земја и унапредување на добрососедските односи, а заедно со нашите соседи создаваме Отворен Балкан.

Една од наважните придобивки е дека низ дијалог, со меѓусебна почит и разбирање, зедно сме посветени на секој човек, семејство, на секој граѓанин, за подбрување на условите за живот и сигурна иднина.

20 години по Охрид, СДСМ им благодари на сите граѓани за придонесот и им честита за изградбата на нашето успешно, современо, Едно општество за сите!

Тоа е патот напред по којшто заедно продолжуваме.

Последни вести