Соопштение за јавност
Бегањето одбележувањето на 20 годишнината од Рамковниот договор покажува дека Мицкоски се уште е заглавен во поделби на граѓаните.
Охридскиот договор е мировен договор кој ја отслика фактичката реалност – дека темелот на државата е граѓанскиот концепт на соживот меѓу македонскиот народ и другите етнички заедници.
20 години подоцна, деструктивни и безидејни политичари како пироманот Мицкоски се уште шират поделби меѓу граѓаните.
Разликата меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ е огромна: концептот Едно општество за сите е концепт на СДСМ обединува и води напред.
Политиките на СДСМ обединуваат, обезбедуваат стабилност, мир, економски развој и напредок и подобар живот за сите.
Политиките на ВМРО-ДПМНЕ ги делат граѓаните и влечат назад. Затоа уште еднаш ќе бидат поразени на следните локални избори.