fbpx

Вакцинацијата и почитувањето на мерките клучни за заштита на колективното здравје

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Во последните денови, бројот на нови случаи со заразени од ковид 19 забрзано расте, инфективните одделенија се полнат.

Досега се аплицирани над 1 милион дози, а ревакцинирани над 500.000 граѓани од кои само 0.002% се заразиле, што укажува на тоа дека вакцините се безбедни и ефикасни.

Вакцинацијата е од витална значајност во борбата против натамошно ширење на вирусот. Смртноста демне како опасност кај невакцинираните.

Секоја вакцина е безбедна и ја намалува шансата од заболување од вирусот, спречува тешки форми на болеста и најважно штити од смртен исход.

Отворени се нови пунктови, има доволно вакцини, вакцинирањето е исклучително важно за заштита на сопственото и јавното здравје.

Испраќаме апел до граѓаните коишто не го сториле тоа да одат во најблискиот пункт и да се вакцинираат.

Дезинформациските кампањи и теориите на заговор кои ги пласираат центрите и кои ги одвраќаат луѓето од имунизација се на штета на граѓаните.

Исклучително е важно да се почитуваат и новите мерки. Тие се неопходни за заштита на здравјето и се применуваат и во други земји.

Да бидеме одговорни кон себе и кон другите и да дадеме свој придонес во борбата која е заедничка за целиот свет.

Последни вести