Скопски Водовод до први октомври на околу 30 илјади корисници им нуди можност за исплати на рати. Граѓаните велат дека овој чекор е добар за да им се помогне на ранливите категории кои се потешко ги покриваат режиските трошоци.
Првиот човек на јавното претпријатие Водовод, Душко Весковски, вели дека на овој начин во време на пандемија ќе им се даде можност на граѓаните да си го исплатат долгот и да се подобри наплатата.
Граѓаните кои сакаат да ја искористат оваа поволност ќе треба да аплицираат за склучување на договори за исплата на долговите на најмногу 24 рати, во зависност од висината на долгот. Ваква пракса за отпис на долгови не е непозната, не само за отпис на камати, туку и за главнината на долгот.