fbpx

Вевчани со модерен туристички центар

Facebook
Twitter
LinkedIn

Вевчани и регионот добија туристички центар според стандардите на најмодерните европски општински средини, со кој се овозможува промоција и развој на туризмот не само на Вевчани, туку и на целиот регион.

Руинираниот објект на некогашното училиште „Страшо Пинџур“ во Вевчани прерасна во нов модерен, мултифункционален туристички центар. Денес туристите и патниците може да ја посетат комплетно реконструираната зграда, која ги задржа архитектонските обележја за да биде споменик на неговите градители, но доби нова функција соодветно на новите потреби на заедницата и на регионот.

Премиерот Зоран Заев најави дека Владата ќе продолжи да вложува во проекти со кои се оддава почит кон традицијата и минатото и со кои се стреми кон идни придобивки од суштинска важност за граѓаните и за заедницата.

Последни вести