fbpx

Економските мерки дадоа резултат – зголемена економска активност во ТИРЗ, раст на платите и намалување на невработеноста

Facebook
Twitter
LinkedIn

Економските политики и мерки за справување со кризата предизвикана од пандемијата на КОВИД-19 на Владата даваат позитивни економски резултати. Со сериозно зголемување на економската активност во Технолошко-индустриските зони забележано е зголемување на бројот на вработените и раст на платите.

Оваа година во ТИРЗ се склучени договори со вкупен обем на инвестиции од над 120 милиони евра, кои ќе отворат околу две илјади работни места. Со тоа позитивно ќе се влијае пред се на намалување на невработеноста, но и на растот на просечната плата.

Стапката на невработеност сега е на историско најниско ниво и се уште има тенденција на намалување, а просечната плата во јуни изнесуваше 28.724 денари што е за 7 проценти, или за над 1800 денари, раст во однос на јуни минатата година.

Успешното опоравување од последиците од пандемијата го потврди и кредитната агенција „Стандард и Пурс“. Тие го потврдија кредитниот рејтинг на земјава, ББ- со стабилен изглед. Стабилниот изглед како што се нотира во извештајот ги рефлектира очекувањата дека проектираното економско задравување на нашата држава ќе помогне во лимитирање на фискалниот и надворешниот дефицит во следната година.

Последни вести