fbpx

Шилегов на маалска средба: Центар е најурбанизираната скопска општина, ја подготвивме најдобрата понуда за изборите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, актуелниот градоначалник на Општина Центар Саша Богдановиќ, како и кандидатот за градоначалник на оваа општина Горан Герасимовски вечерва остварија маалски средби со своите сограѓани.

Осврнувајќи се на досегашниот период, Шилегов додаде дека и во Центар се инвестира во повеќе важни капитални проекти.

– Ги реконструиравме булеварите Димитрија Чуповски, 11 октомври, Кочо Рацин, како и улиците Лазар Личеновски, Бихачка, Црниче, Никола Карев (кај Железничка) и Васил Ѓоргов. Пробивме нови велосипедски патеки и подигнавме нови зелени површини. Новиот парк Ибни Пајко и двата нови зелени покриви, оној на ГТЦ и оној на Домот на градежици, како и новиот памптрак полигон кај Олимписки, се наоѓаат на територија на Центар. Го реконструиравме Кејот 13 Ноември и плочникот на влезот на ГТЦ од страната на Плоштад, посочи Шилегов.

– Во тек е реконструкцијата на Универзална сала, а годинава почнуваме и со реконструкции на булеварите Кузман Јосифовски Питу, Крсте Петков Мисирков и Митрополит Теодосиј Гологанов. Ги реконструиравме гимназиите Јосип Броз Тито и Раде Јовчевски Корчагин, како и средното медицинско училиште Др. Панче Караѓозов. Обезбедивме прочистувачи за воздух за секоја училница, додава Шилегов.

Во делот на градското зеленило, Шилегов потенцираше дека во Центар подигнати се над 53.700 метри квадратни нови и реконструирани паркови површини, со засадени над 5.200 садници.

– СДСМ е фаворит на претстојните избори. Без разлика дали станува за извршната власт или за локалната самоуправа, СДСМ секогаш ги следи интересите на граѓаните и има висок степен на реализација на проектите. За нас секој човек е важен, секоја општина е важна, посочи Шилегов.

СДСМ продолжува со маалските средби со цел заедно со граѓаните создаде понуда која ќе биде најдобра за секоја општина, за секој град.

Последни вести