fbpx

Лукаревска на средба стопанственици од Бутел: Со Велимир Смилевски, чесен и докажан градоначалник одиме на нова силна победа за да продолжи напредокот на Бутел

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска заедно со актуелниот градоначалник и кандидат за градоначалник на Бутел, Велимир Смилевски и пратеничката Славјанка Петровска денес на средбата со стопанствениците од индустриската зона Визбегово разговараа за економските политики на Владата предводена од СДСМ, реализираните проекти во општината, но и за потребите на стопанствениците кои ќе станат дел од понудата на СДСМ која го носи најдоброто за секоја сфера.

На средбата Лукаревска ја посочи финансиската поддршка на работодавачите погодени од здравствено-економската криза

И во пандемија покажавме како се грижиме за граѓаните. Преку шест пакети економска помош кај граѓаните и фирмите завршија 62 милијарди денари, спасивме 100.000 работни места, помогнавме на десетици илјади компании. Дополнително со ребалансот на Буџетот за 2021 година се обезбедуваат уште 6,8 милијарди денари за економијата.

Во Визбегово се гради водоводна мрежа за делот од Индустриска зона, во должина од 7,34 километри, инвестиција вредна 114 милиони денари. Паралелно на тоа во тек е и изградба на канализација во целата Индустриска зона. Ние постојано даваме поддршка кон стопанството, но и поттик фирмите да инвестираат, да ги шират своите капацитети и да постигнат подобар финансиски резултат, а на тој начин ќе се поттикне и целокупната економската активност.

Нашата економија денес е стабилна, развојна и се движи во добар правец. Зад тоа стојат официјалните економски показатели, како растот на извозот, раст на индустриското производството, раст на просечната плата но и пад на стапката на невработеност. Денес имаме историска стапка на невработеност од 16 отсто.

Сето ова се показатели кои говорат за успешноста на мерките и политиките кои СДСМ и Владата предводена од СДСМ ги спроведуваат како на централно така и на локално ниво. Затоа велиме дека СДСМ го нуди најдоброто за секого, за секоја општина и затоа СДСМ е на прагот на уште една изборна победа.

 

Последни вести