fbpx

Посветеноста на Сашко Николов е гарант за градење модерна и развојна општина

Facebook
Twitter
LinkedIn

Актуелниот градоначалник и кандидат на СДСМ за претстојните локални избори, Сашко Николов покажа дека само со планска и стратешка проценка се спроведуваат проекти кои се од витално значење за градот и граѓаните на Штип. СДСМ препознава што е најдобро и најпотребно за граѓаните на срцето на истокот.

Спроведените инфраструктурни проекти, во краткиот мандат на Николов се вистински пример што сѐ ќе добие Штип кога на 17 октомври штипјани ќе му ја доверат можноста на Николов повторно да раководи со градот.

„Ми претставува огромна чест да говорам за личност како Сашко Николов. Се познаваме одамна, пред се како колеги во докторскиот занает, а потоа и како соработници, остварувајќи ги нашите должности во централната и локалната власт. Неговата посветеност кон пациентите, а сега и кон своите сограѓани е за секоја почит. Неговата темелност и одговорност се дел од неговиот работен кодекс“ кој го следи неколебливо, во своето обраќање истакна потпретседателот Филипче.

Граѓаните на Штип знаат да ја препознаат најдобрата понуда на СДСМ и ќе ја искористат оваа можност да ја дадат својата доверба на човек кој секојдневно се залага за модерен, подобар, европски Штип.

Последни вести