fbpx

Со употребата на реториката од Белиот дворец и флоскулите на Мицкоски, Арсовска се потврди како партиски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

На се уште незапочната кампања, наводната независна кандидатка за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска почна да користи партиска реторика.

Со идентитчни флоскули како на Христијан Мицкоски, на средба во Кисела Вода, Арсовска се потврдува како партиски војник на ВМРО-ДПМНЕ.

Арсовска, кадарот на Никола Груевски избрана од него, само за да го понесе поразот во Скопје, веќе не ни глуми дека е независна.

Што и да прави Мицкоски, како и да ги пакува партиските кандидати, нема да може да ја избегне казната што граѓаните ќе му ја испорачаат, затоа што многу добро знаат што ВМРО-ДПМНЕ 27 години му правеше на главниот град.

На овие локални избори, со ваква понуда на Мицкоски, на секого му е јасно дека Петре Шилегов со својот резултат и сработеното во Скопје е најдобрата понуда за скопјани и сигурен победник на изборите.

Последни вести