fbpx

Претседателот на СДСМ Заев во скопски Чаир: Се грижиме за сите, со проекти на дело, еснафот ќе добие нови шанси за бизниси, Чаир ќе рече Не за оние кои делат

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соооштение за јавност

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од Петре Шилегов кандидатот за градоначалник на Град Скопје, на коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ и носителките на листите за советници на Град Скопје, Софија Пејкова и на Општина Чаир, Марија Кондовска имаше попладнево средба со жители на Чаир.

Луѓе во поголем број излегоа по улиците на Чаир и покрај поројниот дожд, да ги пречекаат претседателот на СДСМ, Заев и кандидатите Шилегов, Пејкова и Кондовска и поразговараа со нив во Паркот во општината.

„Овде сум во Чаир, за лично да ви порачам, дека рамномерно ќе продолжиме да инвестираме во секоја општина, бидејќи и вие знаете, дека така работи Социјалдемократскиот сојуз – преку грижа за сите граѓани, со проекти, на дело. Секој од овие кандидати е подготвен и мотивиран да работи за Најдоброто за Чаир, а ние како централна власт ќе продолжиме да поддржуваме капитални проекти и инвестиции кои го унапредуваат квалитетот на живот“, им рече на чаирчани претседателот на СДСМ Заев.

Тој сподели со нив дека секое поминување од Чаир, застанува да купи топол симид, им рече дека СДСМ знае дека во Чаир живеат луѓе домаќини, чувари на старата скопска култура, но и луѓе еснафлии, кои негувајќи го еснафот – ни ја чуваат традицијата, вредно работат и независно од заработувачката, одлучно ја предаваат на новите генерации како безвременска вредност и тоа ќе биде и понатаму и почитувано и финансиски поддржано.

„Најавувам поддршка за отворање нови бизниси во сите општини. Ова ќе биде од големо значење и за Чаир. Ќе бидат утврдени потребите на граѓаните во одреден реон, маало или населба, а општината планирано е да понуди субвенции, за да се отворат токму локално дефицитарните бизниси. Така ќе бидат обезбедени потребите на граѓаните. Но ова е и шанса за младите луѓе и за луѓето со идеја, да развијат бизнис“, рече претседателот Заев, кој констатираше дека со тоа се отвора можност и за промоција на Чаир во областа на туризмот.

Заедно со граѓаните беше констатирано дека Чаир е мост на соживотот, општина во која се наоѓаат најстарите населби во Скопје, коишто денеска се мост меѓу сеќавањата за старо Скопје и модерното време и дека Чаир го заслужува Најдоброто и ќе го добие на претстојните избори на 17 октомври.

„Чаир, знам дека ќе каже Не за оние кои рушат мостови, делат, не почитуваат различности, кои се грижат само за своите џебови и интереси, а за тоа се подготвени сите да ги доведуваат граѓаните и државата во закана, ризик и опасности. Чаир нема да дозволи некој да нè врати назад во темното минато, кон поделбите и национализмот. Чаир ќе продолжи да го живее концептот Едно општество за сите, со тоа што ќе го избере Најдоброто за општината“ рече меѓу другото во разговорите со граѓаните, претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Последни вести