fbpx

Шилегов: Скопје го заслужува „Најдоброто“, успешната приказна мора да продолжи

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Пред 4 години победивме заедно за да го смениме погрешниот курс во кој се движеше градот предводен од ВМРО-ДПМНЕ. Тогаш успеавме заедно, сплотени позади идејата дека Скопје заслужува и може подобро. Денес сме повторно тука заедно да испратиме силна порака дека Скопје го заслужува НАЈДОБРОТО, истакна кандидатот на СДСМ и Колаицијата за градоначалник на Скопје Петре Шилегов.

Актуелниот и идниот градоначалник на Скопје се осврна на бројните проекти реазлизирани во изминатите четири години во главниот град.

Во Скопје 4 булевари се граделе истовремено само два пати, после земјотресот и денес. АСНОМ, Босна и Херцеговина, Никола Карев и Христијан Тодоровски Карпош денес се реалност која никој не може да ја избрише, рече Шилегов, додавајќи дека минатата година за само една сезона во рамките на „градежната офанзива“ се реконструирани и и изградени вкупни 21 улица.

Тој нагласи дека денес во Скопје за прв пат после повеќе децении се градат два нови мостови истовремено.

Трамвај во Скопје ни ветуваа повеќе од 40 години, БРТ системот на брз автобуски превоз на Скопје станува реалност, првиот патник ќе влезе за 3 години истакна Шилегов, додавајќи дека додека некој набавуваше кинески двокатни дизел автобуси со скапи провизии, ние набавивме 33 нови ултра модерни еко автобуси на гас од реномираниот европски производител МАН.

Шилегов посебно се осврна на аерозагадувањето наведувајќи дека за справување со него се воведени 40 нови мерки, меѓу кои нов концепт за третман на комуналниот отпад, со субвенциите за инвертер клима денес чадат 5.000 оџаци помалку, а со субвенциите за велосипеди и тротинети Скопје денес е побогато за 15.000 велосипеди и над 600 тротинети.

Скопската мрежа на велосипедски патеки го надмина 110-тиот километар, ги поврзавме со конектори главните велосипедски рути, а за љубителите на екстремните спортови на Водно изведовме модерна апхил велосипедска патека, а за 5 дена ја пуштаме и даунхил патеката, најави Шилегов, нагласувајќи дека во изминатиот период се подигнавме над 100.000 м2 зеленило, дивите депонии и дивите паркиралишта се претворени во паркови, решени се топлотни острови.

Го ослободивме и Кејот 13 ноември, место кое за неполни 2 месеца стана најомиленото шеталиште на скопјани, чекор по чекор го ослободуваме и коритото на Вардар, го чистиме од коров, но и од Галиите што ни ги оставија во наследство не водејќи сметка за можните поплави, истакна Шилегов.

Тој нагласи дека Скопје се разбуди од сивилото и стана град на културата, се гради новата Универзална Сала, се организираат модерни настани, а останува за реализација идеја за изградба на нов мултимедијален конгресен центар на друга, поширока локација.

Можам уште многу да набројувам, ама ќе ни треба цела вечер. Ова се реални проекти, реализирани и веќе им служат на граѓаните, ова не е маглата која ја сее опозицијата обидувајќи се очајно да манипулира и да создаде конфузија. Ова не се измислените афери на ВМРО-ДПМНЕ, ова е реалноста ова се проектите кои ги бараат Скопјани. Ова е приказната која мора да продолжи, порача кандидатот за градоначалник на Скопје Петре Шилегов, вечерва во Скопје, на промоцијата на која беа претставни и членовите на советничката листа за Град Скопје од редовите на СДСМ и Коалицијата.

Последни вести