fbpx

Режимот на ВМРО-ДПМНЕ тепаше и апсеше студенти на студентски избори, а Мицкоски до ден денес ниту се извини ниту го осуди таквиот чин

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност – реакција на прес-конференцијата на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ

 

 

Ниту една прес конференција ниту соопштение на ВМРО-ДПМНЕ не може да го сокрие или  минимализира фактот дека денес волјата на граѓаните  е неприкосновена, а не контролирана и штимана како што тоа беше во времето на  режимот и груевизмот.

Денес, граѓаните живеат во вистински неконтролиран, слободарски и вистински демократски дух, денес на граѓанските организации им се поблиски на демократските принципи и политики на СДСМ отколку на режимските на ВМРО-ДПМНЕ и Груевски.

Токму на местото на кое денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ глуми загриженост за граѓанските организации и студентите, пред само 4 години партиски злоупотребената полиција од ВМРО-ДПМЕ тепаше и апсеше студенти кога се бираше претседател на Студентскиот парламент.

Тоа е начинот на ВМРО-ДПМНE. Така ги третираше студентите, така ги третираше здруженијата на граѓани кои не беа под контрола на режимот.

До ден денес, ВМРО-ДПМНЕ не се огради, ниту пак го осуди таквиот срамен, насилнички чин.

 

Граѓаните ги препознаваат демократските политики, почитување на слободата и правата на сите граѓани, наспроти режимските и деструктивни политики на ВМРО-ДПМНЕ. Затоа ќе ги казнат ВМРО-ДПМНЕ на следните избори кога и да се одржат.

Последни вести