fbpx

Заедничкиот став на СДСМ и коалицијата е одржување на избори штом се намали интезитетот на коронавирусот, на средината на јуни

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

 

Заштитата на здравјето на граѓаните заедно со економските мерки за помош на истите се приоритет за СДСМ и коалиционите партнери. 

Нашата држава навремено и соодветно презеде мерки и добро се справува со коронавирусот, но потребни се институции, потребни се Влада и Собрание со полн легитимитет за ефикасно спреавување со последиците од оваа криза. 

Затоа, на државата и се потребни избори веднаш штом се создадат услови за нивно одржување.

Изборите да се одржат во првиот момент на намалување на интензитетот на коронавирусот затоа што во такви услови нема никаков ризик по здравјето на граѓаните. Особено имајќи предвид дека наесен се очекува нов бран од вирусот и би било неодговорно да се загрозува здравјето на граѓаните.

Дополнително тоа би дало шанса на државата, со избрана политичка Влада и Собрание со полн легитимитет подобро да се подготви за новиот бран наесен доколку го има и економски подобро секако да се справи со последиците.

Имајќи предвид дека нашата држава веќе два месеци е во вонредна состојба, повеќе од 4 месеци е со техничка влада и скоро три месеци е со распуштено Собрание, а на државата, граѓаните им се потребни кредибилни и функционални институции со полн легитимитет, и повеќе од потребни се Собрание и Влада со целосен легитимитет кои преземаат конкретни чекори во надминување на економската криза.

Заеднички став на партиите во коалицијата е да се искористи моментот на ослабување на коронавирусот и стабилизација на пандемијата и да се оди на гласање, на средината на месец јуни.

Охрабрува тоа што мисијата на ОДИХР најавува дека може да се организира и да прати набљудувачи.

Оттука, целосно оправдано е очекувањето на СДСМ и коалиционите партнери дефинирање на датум за одржување на изборите кој би бил во средината на јуни  и дефинирање на начинот на водење на кампањата.

СДСМ е одговорна партија која отсекогаш била и останува на страната на интересите на државата и граѓаните оттука произлегува одговорноста и заштитата кон сите граѓани и потребата од функционални институции. 

Последни вести