fbpx

Лукаревска во Бутел: Бутел ќе ја потврди победата затоа што се грижиме за секој граѓанин, градиме иднина за младите да се реализираат, овде, дома, ја преполовивме младинската невработеност, продолжуваме заедно

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

“Приоритетите на граѓаните ни се важни, сакаме да ги слушнеме каква општина сакаат. Разговараме, сакаме заеднички да ги креираме проектите кои им го подобруваат животот, разговараме и со младите, за нивните очекувања и потреби. Четири години вложуваме во младите за да останат овде и овде да ја градат својата иднина. Инвестираме во издржани, реални младински политики, наместо во спомениците кои ни донесоа само кавги и поделби, младинската невработеност ја намаливме од 42 на 29 отсто, со цел до 2024 да стигнеме до само 17 отсто, сакаме младите да имаат шанса овде, рече заменик претседателката на Социјалдемократскиот сојуз Сања Лукаревска на средбата со граѓаните на општина Бутел.

“Младите и се потребни на оваа земја, луѓе со енергија, со капацитет, со идеи и иницијативи да се развиваме во модерна, конкурентна држава. Затоа инвестираме во ученичкиот и студентскиот стандард. Воведовме субвенциониран студентски оброк, а на 17.836 студенти веќе им се исплатени 25,7 милиони денари за месец септември. Ги зголемивме студентските стипендии и за првпат воведуваме стипендии за докторанти.

Ќего стимулираме партнерскиот однос, преку постојана комуникација и градење на доверба. Општините да бидат партнери со младите, да ги вклучат во планирањето и да ги следат нивните потреби, затоа на секоја младинска иницијатива која ќе се достави до општината и до градоначалникот, ќе биде одговорено за најмногу 10 дена. Ќе ги подржуваме малите бизниси, секоја бизнис идеја е добредојдена, тоа е важно за развојот на општината, шанса за секој млад човек кој што својата иднина ја гледа во својата општина. Социјалдемократскиот сојуз е единствената политичка опција која секој ден, на дело, покажува дека се грижи за секој граѓанин подеднакво, секој еден е важен во оваа држава, затоа ивестираме во сите општини, за подобар живот на сите.

Затоа на 17 октомври гласајте за СДСМ и коалицијата, за кандидатот за градоначалник на општина Бутел, Велимир Смилевски и за советничката листа предводена од Оливера Ливриниќ, го имаме најдоброто за општина Бутел“.

Последни вести