fbpx

Трајановски: Аеродром ќе продолжи да се развива се повеќе и повеќе, ниту еден граѓанин нема да биде запоставен,

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Носителот на кандидатската листата на советници во општина Аеродром на СДСМ и Коалицијата Александар Трајановски, истакна дека СДСМ има програма, која ќе го направи Аеродром една од најубавите општини во Скопје.

СДСМ постојано е на терен ги слуша граѓаните, идниот градоначалник Александар Филиповски сака да ги реши сите проблеми одеднаш, порача Трајановски.

Тој нагласи дека со СДСМ Аеродром ќе се развива од ден на ден се повеќе и повеќе и нема ниту еден граѓанин да биде запоставен.

Искрено верувам во се што е направено на централно ниво, тоа треба да се преточи на локално ниво и да се развиваме понатаму, со најдоброто, порача носителот на кандидатската листата на советници во општина Аеродром на СДСМ и Коалицијата Александар Трајановски.

Последни вести