fbpx

Заев од Пробиштип: Го заштитивме достоинството на работниците, растат платите и пензиите, со „Најдоброто“ продолжува грижата за сите!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

„Изминатите четири години и на централно и на локално ниво покажавме што значи вистинска грижа за сите, го заштитивме достоинството на работниците, го вреднуваме нивниот труд и го унапредуваме животниот стандард“, порача вечерва од Пробиштип претседателот на СДСМ Зоран Заев.

„Затоа една од првите мерки беше зголемувањето на минималната плата од 8 или 9 илјади на 12.000 денари. Денес таа е 15.200 денари со тенденција да достигне 18.000 денари до крајот на годината. Тоа овозможи да растат платите во сите сектори и денес таа да изнесува 28.744 денари или за над 6.000 денари повеќе отколку во 2017 година. За четири години и просечната и минималната плата се покачени за најмалку 100 евра“ порача Заев.

Претседателот Заев истакна дека СДСМ сите овие години е посветена на трајно искоренување на сиромаштијата.

„Социјалната помош за ја зголемивме за 300 отсто, пензиите порасна за во просек по 2.000 денари, ги обесштетивме стечајните работници и воведовме државна социјална пензија, покрај детскиот воведовме и образовен додаток. За рударите ги олеснивме условите за пензионирање, односно сега рударите остваруваат право на пензија со навршување на 40 години пензиски стаж за мажи, односно 35 години пензиски стаж за жени. Тоа значи дека ако претходно рудар се пензионирал со навршени 58 години, со новото решение се пензионира на околу 50 години. И сето тоа го постигнавме додека редевме успеси на меѓународен план, додека ја исправавме државата на вистинскиот евроатлантски пат“, порача претседателот Заев од Пробиштип.

Последни вести