fbpx

ВМРО-ДПМНЕ упорно го злоупотребува пожарот во Тетово за политички цели, конструира случаи и измислици, во обид за политичко профитерство

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност – реакција на соопштение на ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ не се откажува од политизирање на несреќниот пожар во болницата во Тетово, не се откажува од злоупотреба на чувствата на граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ се обидува да профитира на несреќи, ширејќи лажни вести и конструкции кога се уште се чекаат комплетните резултати од истрагата.

Дури и споредбите со романската влада не им се точни, распуштањето на Владата на Романија е со подлабоки и посложени причини од она што ВМРО-ДПМНЕ се обидува да го протне во јавноста.

На неколку денови пред локалните избори, ВМРО-ДПМНЕ не нуди никаков проект, никаква визија, туку само лажни вести и конструкции и затоа им следува нов пораз на изборите.

Последни вести