fbpx

Филипче од Прилеп: Во недела заокружете го бројот 12, за да го живееме најдоброто

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

СДСМ брои ситно до седмата по ред победа над деструктивното и блокаторско ВМРО-ДПМНЕ. Во недела, на 17 октомври СДСМ ќе слави низ цела држава – изјави денес потпретседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Денешниот ден тој го помина со граѓаните и граѓанките на Прилеп. Преку разговор и дискусија ги охрабри присутните во недела одважно и одлучно да го заокружат бројот 12, за уште поголеми успеси од досегашните.

Прилепчани знаат што е најдоброто за Прилеп и во недела својот глас ќе го дадат за другарот Горан Сугаревски и советничката листа на СДСМ, рече тој.

– Почитувани, на само два дена сме од денот кога ќе се потврди доминацијата и ќе се признаат досегашна работа и успесите на СДСМ. Во недела уште еднаш ќе покажеме и докажеме дека сме достојни на довербата на граѓаните, дека сме најдобар избор, најпрогресивна и најмодерна политичка сила.

За општини функционални и успешни како централната власт, во недела ќе го заокружиме бројот 12. За сигурна иднина која заедно ќе ја создаваме и живееме, за иднина во наши раце. Во недела без двоумење да го поддржиме најдоброто за нас, за општините, за државата.

За уште четири години успех и резултати. За уште четири години општини на граѓаните. Гласајте за себе, за вашата иднина, за државата. Заокружете 12, за да го живееме најдоброто – заврши Филипче.

Последни вести