Соопштение за јавност
Секое време има свои предизвици, тешки се компромисите кои ги правиме на дипломатските маси за напредокот на државата не се лесни ни компромисите што секојдневно ги правиме со себе, порача вечерва претседателот на СДСМ, Зоран Заев пред граѓаните на Скопје.
„Ова е време кое бара од нас одважност да се издигнеме над себе и личните очекувања – и кочниците коишто сите ќе не вратат назад, да ги претвориме во силата којашто ќе повлече напред. Така е единствено можно личното добро, низ заедничкото добро.На потешкиот начин извлековме повеќе поуки, дека, или ќе бидеме сите среќни, или нема среќа за никого.
Ајде да бидеме паметни и да не дозволиме самите да си ставиме кочница на патот. Кочниците кои ни ги поставуваат другите, дома или однадвор, се тешки, но знаеме дека не зависат само од нас и со нив се справуваме.
Не давајте му го Скопје на оние кои веќе го унакажаа, го нагрдија и му ја одзедоа душата. Скопје не заслужува ново понижување, нови забегани експерименти и нови изживувања врз неговата урбана физиономија. Тоа нема да се случи бидејќи Скопје го заслужува најдоброто! Слободоумните граѓани на Скопје знаат да одржат лекција, но знаат и кога им се потребни на својот град и на својата држава, ги знаат и своите одговорности. Прогресивното граѓанство на 31-ви октомври ќе гласа за Прогрес – бидејки тоа е неговата, тоа е нашата лична идеологија – најдоброто за сите! Повика Заев во своето обраќање пред скопјани.