fbpx

Заев: Прогресивното граѓанство гласа за прогрес, се обединува и не дозволува да се врати режимот

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Прогресивното граѓанство на 31-ви октомври ќе гласа за Прогрес – бидејки тоа е неговата, тоа е нашата лична идеологија – најдоброто за сите, порача вечерва претседателот Зоран Заев пред граѓаните на Скопје.

Тој пред присутните посочи дека во овие четири години постигнати се бројни успеси на државен и локален план и дека тој континуитет треба да се одржи и во иднина.

„Гледате почитувани граѓани, дека до овој момент не зборувам за десетиците изградени и реконструирани градинки и училишта, болници и културни домови, илјадниците километри регионални, магистрални, локални патишта и канализациски мрежи.

Гледате и дека не зборувам за покачените плати, за по 6.000 денари, за по повеќе од сто евра – и минималната плата која од 9 оди на 18.000 денари, ниту за 300-те проценти покачена социјална помош, за економските мерки коишто во услови на незапаметена пандемија, помогнаа семејствата да не останат гладни, фирми да не се затворат, уметници да се носат со последиците од кризата, којашто го зафати целиот свет. Знам дека знаете дека ќе има нов тренд на покачувања на платите, покачувања на пензиите два пати годишно, нови инвестиции, нови работни места, ако останеме на евро-атлантскиот пат, бидејки овој пат носи прогрес.

Јас знам дека вам не треба да ве убедиме дека ние парите ги вложуваме кај граѓаните, наспроти онаа режимска структура на Никола Груевски, чијашто продолжена рака е и ова раководство на ВМРО-ДПМНЕ предводено од Христијан Мицкоски, којашто, да речеме дека крадеше – е малку. Грабаа, арамиски пљачкаа, бркаа од работа, газеа по човековото достоинство.

Знам дека вие, разликата меѓу 11-годишната режимска власт и оваа 4-годишна демократска власт, ја знаете. Вие знаете дека ние никого не влечеме за уши, никому не посакуваме да заврши во ендек. Никого не присилуваме да излезе на протест, на митинг, на избори. Никого не бркаме од работа за различно мислење и искажан став. Не ги делиме луѓето на наши и некои други. Не го подриваме соживотот, туку искрено веруваме во концептот што го градиме – Едно општество за сите, во кое што сите имаме исти права, но и подлежиме на исти обврски пред законите и пред државата.“ порача Заев.

Последни вести