fbpx

Маричиќ: Визијата што ја има Шилегов за Скопје и енергијата и сонот што го има Весковски за Карпош се добитна комбинација која што ќе победи на 31ви октомври

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Скопје се сеќава и памети, тоа е во нашиот код. Скопје се сеќава и на жалните врби, се сеќава и на оние безпотребни споменици, и на барокот, се сеќава и на галиите, на претепаните активисти, на сиот терор кој го живеевме. Наследството на ВМРО – ДПМНЕ во Скопје е кич, корупција и загадување, порача денеска од Карпош секретарот за меѓународна соработка на СДСМ Бојан Маричиќ.

Тој додаде дека Петре Шилегов има приказна, една поинаква скопска приказна која што ја распосла пред скопјани во изминатите 4 години.

За прв пат видовме како значи после долго време да се градат мостови, да се прават нови булевари, да видиме велосипедски патеки насекаде, да видиме дека може да се градат и зелени површини, да видиме дека можеме да го чувствуваме градот наш, а не да имаме град кој е обезличен и го има изгубено својот лик и душа. Петре ги сопре кичот, корупцијата и загадувањето и Петре ја врати душата на Скопје, нагласи Маричиќ и ги повика граѓаните во недела на 31ви октомври да го дадат својот глас за број 12 и за Петре Шилегов на едното ливче и на другото за Душко Весковски.

Маричиќ налгаси дека и Карпош се сеќава и тоа многу добро каков гром удри во 2013 година, громот од кој што уште не може да се оправи и да застане на нозе.

Се сеќаваме како изгледаше кога гледавме како пред нас исчезнуваат зелените површини и стануваат згради, се сеќаваме како излгедаше страв и трепет, и закани кои доаѓаа од општината кон граѓаните и кон поддржувачите од СДСМ, се сеќаваме како изгледа да не можеме да ги запишиме сопствените деца во градинка само заради тоа што Стевче Јакимовски одлучил така, рече Маричиќ, додавајќи дека на другата страна е кандидатот на СДСМ и колаицијата Душко Весковски.

Дуле има љубов, љубов кон цела општина, цел Карпош, грижа за секој човек, грижа која сите ние сме ја почуствувале. Дуле исто така има и верба, верба во своите проекти, верба во она што го нуди, верба во подобар Карпош, поубава општина, верба во наш Карпош кој што сите го чувствуваме за наш. Дуле ни дава и надеж дека нема да се вратиме во темното минато на Стевче Јакимовски и тука ни е едноставен изборот, дали сакаме четврт мандат да му дадеме на Стевче Јакимовски или прв мандат да му дадеме на Душко Весковски за да ги направи сите добри работи за Карпош, нагласи Маричиќ.

Визијата што ја има Петре за Скопје и енергијата и сонот што го има Дуле за Карпош се добитна комбинација која што ќе победи во недела на 31ви октомври. Покажавме во овие неколку дена, особено во овие 2 недели дека навистина ја научивме лекцијата. Знаеме и кога да се извиниме и кога да промениме одлука и да се вратиме чекор назад, знаеме да им служиме на граѓаните и кога сме згрешиле или пропшутиле да направиме нешто. Остануваме на иста страна со граѓаните и затоа со гордост ја бараме вашата поддршка уште еднаш да ни дадете шанса на 31ви октомври, број 12 за Петре и за Дуле, повика секретарот за меѓународна соработка на СДСМ Бојан Маричиќ.

Последни вести