fbpx

Заев: Да се обединиме сите, да го сочуваме вистинскиот правец на Карпош и државата, да продолжиме да одиме напред

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Покажавме дека сме народна власт и на локално и на централно ниво, покажавме дека го слушаме гласот на граѓаните и нивните потреби, последен пример за тоа е вчерашната одлука на Владата да ја смени локацијата на центарот за странци кој нема да се гради во Бардовци, порача вечерва од Карпош претседателот на СДСМ Зоран Заев.

Претседателот Заев ги повика граѓаните во недела да направат разлика и да одлучат дали ќе го поддржат напредокот или ќе дозволат општините и државата да се враќаат назад.

„Овој период сме исправени сите пред нешто што е наша реалност и што беше реалност и пред 4 години. Сите може да направите паралела што се случуваше овие 4 години и да се навратите на претходните 11 години. Да се запрашаме сите, сакаме повторно кавги со соседите? Со целиот свет? Или сакаме пријателство и да одиме напред?

Сакаме меѓународни пријателства, стабилност и поддршка или сакаме повторно кавги и непријатности внатре во државата?

Сакаме сите заедно да продолжи нашиот пат кон НАТО и ЕУ, кон европеизација на Северна Македонија или сакаме да се враќаме повторно да дискутираме за бикови, шмизли, лавови, споменици и златни огради?

Сакаме да одиме напред како целиот свет, целиот наш регион или сакаме да се враќаме во молкот, мрачното минато.

Овде во Карпош ве повикувам сите граѓани на Карпош, сите да се обединиме и граѓанските здруженија и помалите партии, ни требате сите, ни требате за да го зачуваме правецот на државата. Ги повикувам сите и подавам рака дека учиме и заедно се унапредуваме, но, наша должност е да го сочуваме правецот на Карпош, на Скопје и Северна Македонија. А, тоа е интеграции внатре и надвор!

Наместо да се борите 4 години нови за да го зачуваме Карпош да се избориме уште сега за најдоброто за Карпош“ порача Заев пред граѓаните на Карпош.

Последни вести