fbpx

Богоев за ТВ21: За брзо ќе излеземе со стабилно и зголемено мнозинство, подаваме рака на сите пратеници кои размислуваат прогресивно

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

СДСМ има поголем потенцијал за коалицирање од ВМРО-ДПМНЕ, што беше и докажано во Собранието во четвртокот, истакна членот на Извршниот одбор на СДСМ, Стефан Богоев во емисијата „Клик плус“ на ТВ21.

Тој нагласи дека иако навидум изгледа дека ситуацијата во Собранието е 60-60, сепак за брзо тоа ќе е поразлично.

Подаваме рака на сите пратеници кои размислуваат прогресивно и сакаат Македонија да е дел од НАТО, го поддржуваат Договорот од Преспа, сакаат преговори со ЕУ и немаат дилеми и алтернативи за тој курс, истакна Богоев, додавајќи дека во моментов е подадена рака, пред се на Алтернатива, но се разговара и со други пратеници.

За брзо ќе излеземе со постабилно и посериозно мнозинство од пред изборите и гласањето за недоверба на Владата, рече Богоев.

Богоев истакна дека е потребно да се внимава со изјавите во јавноста околу иднината на државата и на владата, со цел да се обезбеди сигурност и конзистентност како за граѓаните, така и за економијата.

Опозицијата убедуваше, дури и на неколку часа пред почетокот на седницата дека имаат обезбедено мнозинство. Се креираше слика во јавноста дека има некоја стабилна бројка и мнозинство за рушење на владата, што за среќа на граѓаните и државата се покажа како неточно, нагласи Богоев.

Тој додаде дека во оваа држава, мајстори за пазарење и контролирање пратеници се ВМРО-ДПМНЕ.

Се сеќаваме дека тие за време на Груевски ги тераа пратениците да потпишуваат меници на 600 илјади евра, додека опозициските пратеници беа исфрлани. Сега имам информација дека истото се случува и со советниците во неколку скопски општини и во внатрешноста, истакна Богоев.

Членот на ИО, Богоев, потсети дека одлуката дали ќе има предвремени или редови избори дефинираат 61 пратеник во Собранието, а не на список, со потпис на лист и тоа се покажа во четврокот.

До кога треба да продолжиме со дискусија дали има мнозинство, од страна на Мицкоски, Николовски, Милошоски, дали треба избори, а граѓаните имаат проблем со енергетска криза, со пандемијата, лани имавме избори, а во наредните денови ќе видите дека имаме поголемо мнозинство, порача членот на Извршниот одбор на СДСМ Стефан Богоев во емисијата „Клик плус

Последни вести