Соопштение за јавност – реакција на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ
Неодговорноста на Мицкоски и кршењето на протоколите за заштита на здравјето за време на пандемија не може да се спореди со моменти кога се вадат маски за фотографирање.
Ниту едно соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, зад кое се крие Мицкоски, не може да го скрие неговото лицемерие, неодговорното и срамно однесување.
Во време кога расте бројот на активни случаи со ковид-19, кога здравствените работници не можат глава да кренат од работа, Мицкоски си поигрува со здравјето на граѓаните и ги крши протоколите.
Наутро од Белата плата со лажна загриженост бараат онлајн настава, а Мицкоски попладне ги крши протоколите седнат на прослава во тесна просторија, полна со луѓе.
Вакво непочитување на законите, протоколите, ниту пак на граѓаните, за Мицкоски не е ништо ново. Од самиот почеток на пандемијата тој се однесува неодговорно, одеше по теретани, се криеше во кафана, кога беше фатен на дело како ги крши протоколите.
Кршењето на протоколите за заштита на здравјето на луѓето повлекува одговорност и надлежните институции треба да реагираат во врска со однесувањето на Мицкоски.