fbpx

Арсовска лаже дека ги исчистила депониите, диви депонии никнуваат во Карпош и во секоја друга скопска општина

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Данела Арсовска во својот отчет излажа дека во првите 82 од мандатот ги исчистила сите депонии на територија на Град Скопје.

Дивата депонија во Општина Карпош е една од многуте диви депонии кои се неисчистени, додека Арсовска ја лаже јавноста дека нешто работи.

Идентично е и во секоја друга скопска општина, депониите не само што не се чистат туку секојдневно никнуваат и нови.

За 82 дена од мандатот единствено што Арсовска успеа да направи е да постави мобилни тоалети, да нивелира шахти и да ја партизира градската администрација.

По првите три месеци од мандатот јасно е дека Арсовска е најнеуспешната градоначалничка на Град Скопје.

Граѓаните на Карпош, како и сите скопјани, не заслужуваат ваква неспособна градоначалничка која наместо да ги реализира ветувањата, секојдневно бара оправдување за своето неработење.

Последни вести