fbpx

Арсовска не ги реализира важните проекти за Скопје, на граѓаните им е доста од оправдувања

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми, Петар Петковски од СДММ

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во првите три месеци од мандатот нема направено ниту еден проект.

Нивелирање две – три шахти и неколку мобилни тоалети не се проекти ниту имаа врска со развојот на градот.

Постоечките големи проекти кои Арсовска ги прекина, започнати од претходната локална власт, се важни, стратешки проекти кои гарантираат соверемен развој на Скопје.

Ништо не се прави за најзначајниот проект за еколошки и брз градски транспорт за кој веќе има обезбедено 70 милиони евра од Европската банка за обнова и развој.

Дали Данела Арсовска дефинитивно се откажува од проектот Бас рапид транзит?

Стои и изградбата на мостот во Карпош на Љубљанска за кој исто така се обебзедени средства.

Арсовска не ја продолжува ниту реконструкцијата на Универзална сала која е започната и за чија реализација се обезбедени пари од Владата.

Се уште не е завршен капиталниот проект – мост на реката Вардар во Аеродром.

Повторувам, ова се капитални проекти, со големо значење за стратешкиот развој на Скопје.

Со досегашната неработа Арсовска е најнеуспешната градоначалничка на Скопје.

На граѓаните им е доста од оправдувања и изземање од одговорност, тие очекуваат реализација на крупни, капитални проекти.

Последни вести