Соопштение за јавност
Голем е стравот кај Христијан Мицкоски од тоа што сиот криминал на ВМРО-ДПМНЕ излезе на површина преку признанија на поранешни високи партиски функционери.
Затоа Мицкоски денеска го прати Наум Стоилковски за да попречува изјава за криминал на неговата партија.
ВМРО-ДПМНЕ се уште е режимска партија, но Мицкоски и сите во раководството на партијата треба да знаат дека заврши времето кога на сила ги замолчуваа оние кои ја зборуваат вистината.
Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ да поднесат оставки и да се повлечат од политиката, наместо да се обидуваат да ја попречат вистината.